Хроника

Возач тешко повреден, излетал со автомобилот од пат

Возач тешко повреден, излетал со автомобилот од пат

На 20.11.2023 во ОВР Гостивар било пријавено дека во 08.15 часот на патот Мавровска крстосница – Дебар, во близина на с.Болетен, општина Маврово и Ростуше, Ј.М. (40) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото се превртел на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.М., констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Гостивар.

To top