Хроника

Возач тешко повреден, излетал од патот Штип–Кочани

Возач тешко повреден, излетал од патот Штип–Кочани

На 19.03.2024 во 16.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Кочани, помеѓу с.Чардаклија и с.Долни Балван, на излез на с.Чардаклија, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С.(26) од Кочани, излетало од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

To top