понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 113
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од пат со автомобилот

Возач тешко повреден, излетал од пат со автомобилот

Едно лице е тешко повредено откако автомобил „Форд“ излетал од пат.

Несреќата се случила вчера околу 06,50 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на место викано „Солак“.

-В.Ѓ.(44) од с.Соколарци-О.Чешиново управувајќи патничко моторно возило “Форд“ со кочански регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршла увидна екипа од СВР-Штип.