вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од пат со автомобилот

Возач тешко повреден, излетал од пат со автомобилот

На регионалниот пат од с.Крупиште кон Пробиштип, во близина на с.Неокази, пробиштипско, вчера попладне М.А.(69) од Пробиштип, управувајќи патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

–Во незгодата, М.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Пробиштип за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.

Коронавирус