понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Хроника

Возач предизвикал сообраќајка откако полицајци му дале знак за запирање – уапсен скопјанец

Возач предизвикал сообраќајка откако полицајци му дале знак за запирање – уапсен скопјанец

Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот село Бродец-село Танушевци товарно моторно возило удрило во службено патничко моторно возило „дачиа дастер“ откако полициски службеници му дале знак за запирање и потоа се одалечило од местото на настанот.

При обидот да го стигнат полициските службеници биле попречени од патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот С.Г. од село Гошинце кој бил лишен од слобода. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021