сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 73
home Хроника

Возач на електричен тротинет тешко повреден во сообраќајка кај Соборна

Возач на електричен тротинет тешко повреден во сообраќајка кај Соборна

Триесет и шест годишниот Е.С. од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила во близина на Соборниот храм.

Од МВР информираат дека несреќата се случила на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборен храм „Св.Климент Охридски“, а во истата учествувале „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Ф.М.(47) од Скопје и електричен тротинет управуван од Е.С..

-По незгодата Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, додаваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Коронавирус