понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 81
home Хроника

Возач на џип тепа велосипедисти на Водно: Ме фати за вратот и почна да ме удира

Возач на џип тепа велосипедисти на Водно: Ме фати за вратот и почна да ме удира

Скопјанецот Владо Ѓуровски, кој е велосипедист со десетина освоени медали и подиуми, синоќа на асфалтниот патот кон Средно Водно без причина бил физички нападнат од нервозен возач на џип. Како што раскажува Ѓуровски за Плусинфо, додека го управувал својот велосипед низ парк-шумата на Водно, патот одеднаш му бил пресечен од црн џип, а како што вели, возачот видно нервозен излегол од возилото и почнал да го удира и да го пцуе.

– Со години наназад, скоро секој ден возам велосипед до Средно Водно. Тоа ми е рутина. Но, вчера ми се случи нешто страшно. Одеднаш патот ми го пресече црн џип, а од него излезе крупен човек и ме нападна без причина. Покрај пцовките што ми ги упати, тој рече дека му пречеле велосипедистите кои постојано возат на тој пат. Ме фати за вратот и почна да ме удира. Ми ги искрши и очилата, a на телото имам видливи повреди и црвенило. Јас не му возвратив, туку го зедов мобилниот телефон и направив неколку фотографии од насилникот и од неговиот џип. Секако, го пријавив случајот во полиција и направен е записник – раскажува Ѓуровски за Плусинфо.

На социјалните мрежи, пак, викендов постојано се споделуваат фотографии и сведоштва на велосипедисти кои се жалат од истиот тој насилник што го нападнал Ѓуровски. Како што може да се прочита во дел од коментарите, возачот се обидел да прегази група велосипедисти на Водно, но за среќа, никој не е повреден.

Коронавирус