недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Хроника

Возач и малолетник повредени во сообраќајка во Скопје

Возач и малолетник повредени во сообраќајка во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која меѓу две возила се случила вчера во 22 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „БМВ“, управувано од С.К.(59) од Скопје и „Фолксваген голф“, управувано од Ќ.А.(29) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил Ќ.А., по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.

Коронавирус