На регионалниот пат Струга-Дебар, на клучката кон струшкото село Долна Белица, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) и „опел“ со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани.
-Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид.