вторник, 3. август 2021. Вести денес: 93
home Хроника

Воз предизвика голем пожар во Демир Капија

Воз предизвика голем пожар во Демир Капија
илустрација

Товарен воз денеска предизвикал пожар близу железничка пруга од Дуброво до Демир Капија, најверојатно поради искрење при движење, изјави за МИА Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино.

Два часа шест пожарникари со две теренски противпожарни возила го гаснеле пожарот кој зафатил поголема површина, од селото Дуброво до пред Демир Капија. За среќа, нема поголеми штети. Изгорела само сува трева, ситна шума околу и неколку железнички прагови.

Поради високите температури Илиев апелираше да се внимава, со цел да не се предизвикуваат пожари.

Коронавирус