среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Вооружени и маскирани лица одзеле пари од обложувалница во Теарце

Вооружени и маскирани лица одзеле пари од обложувалница во Теарце

Две лица со маски и оружје украле пари од спортска обложувалница ноќеска во тетовско Теарце. Полицијата нема информација колку точно пари се одземени, но го потврдува оруженото разбоништво.

-Вчера вечер околу 22 часот и 30 минути во СВР Tетово е пријавено дека две лица со закана со оружје од спортска обложувалница во тетовско Теарце одзеле пари, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По пријавата на случјот е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус