сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 53
home Хроника

Вооружена престрелка во Диво Насеље

Вооружена престрелка во Диво Насеље

Две лица се тешко повредени во престрелка која вечерва се случи во Диво Насеље во Куманово, пренесува Кумановски муабети.

Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка како дознава Кумановски Муабети од извори на терен, се случила во 18:40 минути во близина на Основното училише „Вук Караџиќ“.

На престрелката и претходело и физички напад  помеѓу две семејства . Полицијата е на местото каде се случила престрелката и вршат увид , а улицата е затворена.