среда, 14. април 2021. Вести денес: 15
home Хроника

Вооружен грабеж во Ѓорче, ограбена експозитура на НЛБ Банка

Вооружен грабеж во Ѓорче, ограбена експозитура на НЛБ Банка

Експозитурата на „НЛБ Банка“ во скопската населба Ѓорче Петров утрово е ограбена. Веста ја потврдуваат од менаџментот на банката од каде соопштуваат дека станува збор за вооружен грабеж и оти нема повредени лица.

Како што објавија од НЛБ, висината на штетата наскоро ќе биде соопштена.

Во известувањето од банката се вели:

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, наведуваат од НЛБ Банка.

Коронавирус