вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Вооружен филмски грабеж на патарина: Животот на вработените во опасност

Вооружен филмски грабеж на патарина: Животот на вработените во опасност

Во четири часот утринава беше ограбена наплатната рампа кај Глумово.

Како што дознава КУРИР две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво.

КУРИР дознава дека во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.

Насилничката драма не запрела тука, крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.

По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.

Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.

Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.