сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Хроника

Војник повреден при воена вежба

Војник повреден при воена вежба

Воена полиција при Министерството за одбрана вчера во Полициската станица Неготино пријавиле дека истиот ден околу 12 часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

-Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

 

Коронавирус