четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Во возило пронајдени 142 мигранти, приведени кај Гевгелија

Во возило пронајдени 142 мигранти, приведени кај Гевгелија

На 10.06.2020 околу 05:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, мото-патрола од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележала товарно возило „ман“, со бугарска регистарска ознака, и приклучно возило, со македонска регистарска ознака, како се движи со голема брзина и се упатила кон него со цел да го запре и контролира.

Возилото не застанало и се упатило по стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово и набргу потоа возачот го сопрел возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 142 мигранти.

Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“. Увид бил извршен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка.

Коронавирус