понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 12
home Хроника

Во товарно возило кај Неготино пронајдени 94 мигранти

Во товарно возило кај Неготино пронајдени 94 мигранти

На 08.08.2020 околу 21:30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице.

Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец .

По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот  простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан).

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага .

Коронавирус