петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати

Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати
фото илустрација

Во Полициското одделение Попова Шапка вчера околу 11.00 часот било пријавено дека при изведување градежни работи во тетовското село Шипковица, во центарот на селото на место викано „Порој“, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати.

По овластување на Јавен обвинител увид, информираа денеска од МВР, на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60 мм, делумно корозирани.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство. (МИА)

Коронавирус