среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 175
home Хроника

Во сообраќајки во Скопје повредени десет лица

Во сообраќајки во Скопје повредени десет лица

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во шест полесно се повредени 10 лица, а во шест е причинета материјална штета.

Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 81 возило.

Од сообраќај се исклучени 20 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 22 нерегистрирани возила и три технички неисправни возила. Санкционирани се и 28 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

На црвено светло поминале осум возачи, неправилно се престроиле 10 возачи, а еден возач не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Извештајот на СВР Скопје покажува и дека 31 возач зборувале на мобилен телефон додека возеле и  седум возачи не носеле сигурносен појас.

Коронавирус