вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје вчера осум сообраќајки, пајакот подигнал 66 возила

Во Скопје вчера осум сообраќајки, пајакот подигнал 66 возила

Еден сопатник и еден возач  се потешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 21 возач се движеле со поголема брзина од дозволеното, а тројца возачи возеле под дејство на алкохол.  Дваесет возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и четворица возачи почетници.

Исклучени од сообраќај биле и 16 нерегистрирани, едно технички неисправно возило и осум нерегистрирани.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.

Полицијата санкционирала и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено звето, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.

Коронавирус