петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 146
home Хроника

Во Скопје вчера 14 сообраќајки, пајакот подигнал 72 возила

Во Скопје вчера 14 сообраќајки, пајакот подигнал 72 возила

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќа,ј според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест возила нерегистрирани.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

Казнети се и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз  на црвено свелто и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло.

Коронавирус