понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот подигнал 62 возила

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот подигнал 62 возила

Вкупно 11 сообраќајки се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје, во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди, а во осум од нив е предизвикана материјална штета.

Седумдесет и тројца возачи се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, информира денеска СВР Скопје. Исклучени од сообраќај се 14 возачи, од нив тројца управувале возило под дејство на алкохол, 10  биле без возачка дозвола, а еден бил возач почетник. Десет возила се исклучени од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани.

Пајакот подигнал 62 возила.

Одделението за превенција денеска ќе  реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која   ќе присуствуваат  граѓани   учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Коронавирус