среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Хроника

Во Скопје казнети 161 возач, 16 лица останале без возачка дозвола

Во Скопје казнети 161 возач, 16 лица останале без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Локални избори 2021