понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Хроника

Во Скопје изминатото деноноќие 16 сообраќајки , 13 лица лесно повредени

Во Скопје изминатото деноноќие 16 сообраќајки , 13 лица лесно повредени
илустрација

Тринаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 16 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, полицијата санкционирала двајца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

Од сообраќај исклучила и седум технички не исправни возила, шест нерегистрирани, едно возило поради претовар и 43 за не прописно паркирање. Специјалното возило „пајак“ подигнало 43 возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, двајца за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.