сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Хроника

Во Скопје изминатите 24 часа 13 сообраќајки со осум повредени

Во Скопје изминатите 24 часа 13 сообраќајки со осум повредени

Едно тешко и седум лесно повредени лица, е исходот од вкупно регистрираните 13 сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на територијата на Град Скопје.

Како што соопшти СВР, за неправилно престигнување казнети се шест возачи, 19 се движеле со поголeма брзина од дозволената, на црвено поминале тројца, а од сообраќај се исклучени 32, 25 зашто се уште немале право да стекнат дозвола, пет зашто биле под дејство на алкохол и двајца возачи – почетници.

Од сообраќај се исклучени и 21 возило, сите зашто не биле регистрирани, додека поради непрописно паркирање, „пајак“ службата подигнала 67 возила.