понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Хроника

Во село Псача пронајдена минофрлачка мина

Во село Псача пронајдена минофрлачка мина

Минофрлачка мина е пронајдена на местото викано „Рашка Река“ во кривипаланечкото село Псача, соопшти МВР.

Случајот е пријавен вечра околу пладне во СВР Куманово.

Експлозивната направа ја пронашол З.Ј.(46) од Крива Паланка, вработен во градежна фирма, при вршење градежни активности на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка и пронајдената мина е предадена на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово.

Коронавирус