сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Во пожарот кај Рамстор интервенирале 8 возила и 22 пожарникари: Момчето кое изгоре било заглавено во продавницата (ВИДЕО)

Во пожарот кај Рамстор интервенирале 8 возила и 22 пожарникари: Момчето кое изгоре било заглавено во продавницата (ВИДЕО)

Во пожарот што денеска избувна во деловен објект на улицата „Јордан Мијалков“ во близина на Рамстор, противпожарните екипи на Град Скопје интервенирале со 8 возила и 22 пожарникари.

За жал, и покрај брзата интервенција на противпожарната бригада, едно лице почина во несреќата.

Телото на починатиот маж во пожарот од опожарениот објект го извлекла екипа на скопската Итна медицинска помош, се работи за помлад маж кој бил во продавницата заглавен додека беснееле пламените јазици.

Уште едно лице е повредено во пожарот, но тоа, за среќа е, во добра здравствена состојба и не е задржан на скопските клиники.