понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 125
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Во пожар изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

Во пожар изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

-Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

Пожарот е пријавен во ТППЕ околу 13:15 часот. (МИА)

Коронавирус