среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Во кумановско приведени седум мигранти од Сирија

Во кумановско приведени седум мигранти од Сирија

Седум мигранти од Сирија, синоќа, се пронајдени и приведени во реонот на кумановското село Речица.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце“, синоќа околу 22.30 часот, во реонот на Речица, забележале возило „рено еспејс“, кое превезувало мигранти.

– Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар во Скопје за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.