четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Во комбе на автопатот Велес – Скопје откриени 45 мигранти од Пакистан

Во комбе на автопатот Велес – Скопје откриени 45 мигранти од Пакистан

На 13.10.2019 околу 00.15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода И.М.(28) од с.Марвинци, Богданци кој при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.