среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Во казино во Тетово приведени тројца мажи поради сертификати за вакцина

Во казино во Тетово приведени тројца мажи поради сертификати за вакцина

Тетово 9 декември 2021 (МИА) – Полицајци вчера во Тетово лишиле од слобода тројца мажи кои немале соодветни сертификати за примена вакцина. Едниот од нив имал сертификат на име на друго лице, додека двајца прикажале сертификати на мобилен телефон чија адекватност ќе се вештачи.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (8 декември) околу 21 часот и 30 минути, во казино на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Ш.(29) од гостиварски Добридол и И.К.(46) од Тетово, поради сомнение за „употреба на исправа со невистинита содржина“.Двајца од нив немале сертификати за примена вакцина, а еден употребил сертификат од друго лице од Добридол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот на тројцата ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Коронавирус