недела, 7. март 2021. Вести денес: 59
home Хроника

Во дом на скопјанец полицијата пронајде куршуми

Во дом на скопјанец полицијата пронајде куршуми

СВР Скопјe поднесе кривична пријава против Ф.М. (27) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 13.12.2020 од страна на полициски службеници при извршен претрес во дом и други помошни простории во с.Долно Свиларе,скопско биле пронајдени и одземени 17 куршуми со калибар 7,62 x39 мм.

Коронавирус