петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Хроника

Во девет сообраќајки во Скопје повредени 11 лица

Во девет сообраќајки во Скопје повредени 11 лица
фото илустрација

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 16 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 11 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, 12 нерегистрирани возила и две возила за претовар.

За не прописно паркирање издадени се 83 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 68 возила.

Евидентирани се седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи за не правилно престројување, тројца возачи за не правилно престигнување, еден возач за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, девет возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 21 возач за користење мобилен телефон за време на управување на моторни возила.