среда, 30. септември 2020. Вести денес: 159
home Хроника

Во Дебар запленети 20 килограми марихуана, приведени македонски и тројца албански државјани

Во Дебар запленети 20 килограми марихуана, приведени македонски и тројца албански државјани

Дваесет килограми марихуана пронајде полицијата во Дебар, а четири лица, еден македонски и тројца албански државјани се приведени.

Полициските службеници синоќа во 23 часот на  улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово пронашле две торби со 20 килограми марихуана.

Д.А. е приведен во Полициската станица Дебар. Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), исто така албански државјани.

Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус