четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Во Ченто од возило во движење испукани 30 куршуми во автомобил, двајца во болница

Во Ченто од возило во движење испукани 30 куршуми во автомобил, двајца во болница

Две лица добија лесни повреди во скопската населба Ченто, откако 30-тина куршуми биле испукани во нивниот автомобил од автоматска пушка “Калашников”. Куршумите биле испукани од друг автомобил во движење, кој бил без регистарски таблички.

Едно лице е задржано во болница и е надвор од животна опасност, додека второто лице е пуштено на домашно лекување. Македонската полиција се сомнева дека станува збор за одмазда.

Инцидентот се случил на улицата “Алија Авдовиќ”, каде што целта било возило “Мерцедес Бенц”.

Денес, се очекува Министерството за внатрешни работи да даде детали за овој случај.

Коронавирус