среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 147
home Хроника

Во Чаир и Бутел случаи на кражби на позната германска марка возила

Во Чаир и Бутел случаи на кражби на позната германска марка возила

Жителите на скопските општини Чаир и Бутел се во паника поради зголемениот број на случаи на кражби на возила. На социјалните мрежи, граѓаните алармираа дека за краток период се украдени повеќе автомобили, особено од типот Голф 5. Последното возило од овој тип било украдено вчера во населбата Топанско поле, пренесува Алсат.мк

– Постојано крадат во овој дел. Не знам, можеби доаѓаат од други места или други населби. Исто како кучињата што ги носат од еден град во друга општина, исто е и со кражбата на автомобили, а другите кражби се прават од други населби, велат граѓаните.

Но, од МВР велат дека во последните две недели во Чаир и Бутел добиле пријави за само два украдени автомобила.

Од полицијата наведуваат дека пред неколку дена фатиле група во Шуто Оризари, која крадела автомобилска опрема како што се акумулатори и слично. Во меѓувреме, во Горно Количани беше пронајден украден автомобил од Косово.

Коронавирус