понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 151
home Хроника

Во Берово уапсени тројца мигранти од Сирија

Во Берово уапсени тројца мигранти од Сирија

Мигранти од Сирија пронајдени во возило со бугарски регистарски ознаки на крстосницата за село Ратево во Берово. По преземени мерки од страна на беровските полицајци, како што стои во полицискиот извештај, случајот е пријавен кај јавен обвинител.

-На 22.10.2020 во 19,35 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток на крстосницата “Брик“-Берово било забележано патничко моторно возило “пежо 307“ со бугарски национални ознаки кое на даден знак не застанало. По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во извештајот од беровската полиција.

Ова е втор ваков случај за краток период на крајниот Исток. Во последниот сличен случај мигрант од Алжир кој возел украдено возило со кумановски регистарски ознаки беше пресретнат од полициска патрола во близина на селото Саса во Македонска Каменица, по што бееше лишен од слобода.

Коронавирус