четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 84
home Хроника

Во „Алфа Ромео“ превезувал 10 мигранти: Скопјанец уапсен вчера вечер

Во „Алфа Ромео“ превезувал 10 мигранти: Скопјанец уапсен вчера вечер

Вчера вечер во 22:00 часот на клучката Миравци, полициски службеници запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско, информираат од МВР.

По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.

Коронавирус