сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Внук ја ограбил сопствената баба, а негов другар ја истепал откако ги фатила

Внук ја ограбил сопствената баба, а негов другар ја истепал откако ги фатила

Основното јавно обвинителство во Велес до велешкиот Основен суд поднесе обвинение против 23-годишно лице за кривично дело „разбојничка кражба“.

Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 9 ноември лани околу 07.30 часот, заедно со уште едно дете, влегол во куќата на бабата. Знаејќи каде ги чува парите, одзел една најлон кеса со 62.000 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата, внимавајќи таа да не зебележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира.

По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата, а одземените пари ги поделиле меѓусебно.

Коронавирус