среда, 2. декември 2020. Вести денес: 66
home Хроника

Внимавајте, овие обиди за измама се се` почести: Сакале да изнудат пари од скопјанка- еве со каква лага

Внимавајте, овие обиди за измама се се` почести: Сакале да изнудат пари од скопјанка- еве со каква лага

Во полициската станица во Кисела Вода вчера во 16 часот, Е.М.(55) од Скопје пријавила дека на 12 овој месец на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавата, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската.

Се работи на расчистување на случајот.

Инаку, ова не е прв случај за обид за ваква измама.

На 13.02.2020 во 16:30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, околу 10:55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12:44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето.

Во 15:50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен.

На 29.01.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16:30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.

Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години.

После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра.

Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка.

Во СВР Скопје на 24 јануари годинава во 15:55 часот В.Т. (68) пријавила дека истиот ден околу 13:50 часот на домашниот телефон во станот на нејзиниот син и се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало.

Потоа тој и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години.

Пријавителката му рекла дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде.

По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала.

Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари.

Се работи на расчистување на сите случаи.

Коронавирус