сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 103
home Хроника

Внимавајте и вие да не наседнете- ограбено семејство при продажба на огревни дрва

Внимавајте и вие да не наседнете- ограбено семејство при продажба на огревни дрва

На 06.06.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 11.30 часот во Свети Николе во домот на 50- годишна жена дошло непознато лице кое и понудило за продажба огревни дрва по цена од 2.500 денари за метар кубен.

Според пријавеното, откако нејзинот сопруг отишол до соседната улица да ги види дрвата, непознатото лице се вратило во нивниот дом и и кажало дека сопругот се согласил да ги земе дрвата и побарал од жената да му ги даде парите. Откако лицето се изгубило без трага, оштетената го пријавила случајот во полициска станица.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.