среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 158
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Внимавајте фрчат казни од МВР за непропуштање пешаци на пешачки премин

Внимавајте фрчат казни од МВР за непропуштање пешаци на пешачки премин

Денеска (19.05.2022) на територијата на Македонија спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 42 возачи.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, информираат од МВР.

Коронавирус