недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Хроника

Влегле со фантомки и одзеле 2.000 евра: Две момчиња под истрага за грабежот во казино „Адмирал“

Влегле со фантомки и одзеле 2.000 евра: Две момчиња под истрага за грабежот во казино „Адмирал“

Две момчиња на возраст од 22 и 19 години се под истрага за грабежот на казино „Адмирал“ на 20 јули годинава. Според полицијата 22-годишникот и уште едно засега непознато лице влегле во казиното со фантомки на главата и им се заканиле на вработените. На тој начин успеале да одземат 2.000 евра, додека 19-годишникот ги чекал надвор во возило за бегство.

Разбојништвото се случило околу 22.00 часот во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Против двете момчиња ќе биде покрената истражна постапка за разбојништво, додека еден од разбојниците се уште не е идентификуван.

„Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година , околу 22.00 часот, заедно со едно засега непознато лице – негов соизвршител, со употреба на опасно орудие пиштол се заканиле на двајца вработени во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Притоа тие, маскирани со фантомки, влегле од задната врата на казиното и одзеле  парични средства во вкупен износ од 126.161,00 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец ги чекал двајцата сторители во возилото   марка „Ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз , со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што се дале во бегство.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека за едно од осомничените лица се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка , па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот му е определен притвор со траење од 30 дена“, соопштија од Обвинителство.

На осомничениот кој помогнал во вршењето на кривичното дело му се определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице во надлежен државен орган и одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање.