вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 40
home Хроника

Вкупно 11 скопјани уапсени за нелегална трговија со дрога

Вкупно 11 скопјани уапсени за нелегална трговија со дрога

Полицијата уапси 11 лица на возраст од 21 до 37 години, сите од Скопје под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Апсењето е по преземени мерки и активности на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје на местото викано „Маркова река”.

Кај нив биле пронајдени повеќе видови таблети, повеќе пакувања марихуана, хероин и други видови опојни дроги. Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица.

Како што соопштуваат од МВР по целосно расчистување на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси кај три лица од Скопје. При претресот кај лицата Г.Ц. (26) А.К. (21) и М.М. (32) биле пронајдени 433 таблети трамадол, амфетамини и марихуана.

Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус