вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Вистинска семејна трагедија- ја нападнал со секира сопругата додека спиела, па полицијата го пронашла мртов во автомобилот

Вистинска семејна трагедија- ја нападнал со секира сопругата додека спиела, па полицијата го пронашла мртов во автомобилот

На 09.07.2020 во 06.18 часот било пријавено дека во нас.Дрма, скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот. П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во нас.Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус