четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Хроника

Виновен за сообраќајка со смртни последици во Скопје доби условна казна

Виновен за сообраќајка со смртни последици во Скопје доби условна казна

Кривичниот суд во Скопје денеска ја изрече пресудата за сообраќајната незгода кај Млечениот ресторан во Скопје во 2018 година, во која животот го загуби едно лице а неговата бремена сопруга и сопатничка се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов.

Судијката Елена Јосифовиќ одлучила да досуди само условна казна за возачот на џипот, кој патем ја признал вината и пред судот не се бранел дека е виновен.

Која правна држава ја имаме?

На одлуката на судот, на социјалните мрежи, прво реагираше сопругата на починатиот, Наташа Апостолоска, која и самата има тешки последици од несреќата.

„Денеска, во името на граѓаните на РСМ, судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1, му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна!!! напиша Апостолска на „Фејсбук“.

Со слична реакција се јави и таткото на починатиот. Вели дека уште пред изрекувањето на пресудата биле предупредени да останат смирени.

„Пријатели. Сакам да ве известам дека денес се донесе пресуда за смртта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка. Неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа дека многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда. На сите отежителни и олеснителни околности, пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Така да сега кој е кој? Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на „Фејсбук“ бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме“, пишува меѓудругото таткото на починатиот.

Прочитајте повеќе на 360stepeni.mk

Локални избори 2021