петок, 13. декември 2019. Вести денес: 131
home Хроника

Викендов во Скопје во сообраќајки полесно повредени 14 лица

Викендов во Скопје во сообраќајки полесно повредени 14 лица

Четиринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 15  сообраќајни незгоди што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 62 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 28 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и девет почетници, како и 49 нерегистрирани возила, едно технички неисправно возило и две возила за претовар.

Санкционирани биле 14 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, тројца за не  користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 17 лица за не носење сигурносен појас, како и 32 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 231 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 130 возила.