сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 36
home Хроника

Викендов санкционирани 28 возачи кои брзо возеле

Викендов санкционирани 28 возачи кои брзо возеле

Во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и е констатирано дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 107 возачи, од кои: 52 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 43 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се 12 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, три возачи поради неправилно престројување, седум возачи поради неправилно престигнување, три возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 170 мандатни платни налози и 134 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Коронавирус