сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Викендов повредено 21 лице во сообраќајки во Скопје

Викендов повредено 21 лице во сообраќајки во Скопје

Возач на патничко моторно возило и велосипедист биле тешко повредени во две од вкупно 29 сообраќајни незгоди што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки со полесни повредни се здобиле 19 лица, а во 16 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала и исклучила од сообраќај тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 12 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден возач за не носење заштитен шлем за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 192 возила.