четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Хроника

Викендов полицијата коси се пред себе: Казнети над 200 возачи во Скопје

Викендов полицијата коси се пред себе: Казнети над 200 возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.08.2019 во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни. Откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 27 возачи. Откриени се 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.